Видови тренинзи.

group_training

Групни тренинзи

Групните тренинзи се организирани во одредени термини и вие работите на свое ниво и своја тренинг програма и постепено напредувате низ точно дефинирани тренинг програми. Пристапот е индивидуален според вашите цели и потреби но групата може да се состои од 10-15 луѓе. Имате постојано тренер на располагање кои ве води за правилно изведување на вежбите и за било какво прашање или проблем кој го имате. Го следите вашиот прогрес секој тренинг и така можете да ги видите резултатите кои настануваат со тек на време. Добивате мерење на вашиот телесен состав (мускулна маса во сооднос со телесни масти) 1-2 пати месечно и совети и едукација за исхрана за да добиете максимум резултати од нашите тренинзи и да ги постигнете посакуваните цели.

personal_training

Индивидуални тренинзи

Mожат да бидат 1 на 1, 1 на 2 или 1 на 3, и вие добивате максимално внимание и посветеност од страна на тренерот конкретно за вашите цели и потреби.
online

Онлајн тренинзи

Добивате програма во која што ги има вежбите со видеа и инструкции што треба да правите и вие снимате како ја изведувате вежбата и ја праќате на тренерот. Тој ја прегледува и ви кажува доколку треба да коригирате нешто и ви дава насоки за да ја совладате формата на вежбата. Имате постојана комуникација со тренерот и доколку имате било какви прашања, проблеми или било што поврзано со вежбањето, ќе ви биде одговорено во рок од 1 ден.

БЕНЕФИТИ ОД НАШИТЕ ТРЕНИНЗИ

Зголемување на сила и мобилност на целото тело

Балансирање на телото (лева-десна, предна-задна страна и горниот со долниот дел од телото)

Превенција и рехабилитација на болки и повреди во секоја област од телото

Подобрување на целокупната атлетска способност

Подобрување на спортски перформанс.

Подобрување на целокупната физичка состојба и квалитет на живот.

Бен Патрик е основач на ATG системот на вежбање на глобално ниво. Со својата секојдневна работа и посветеност, Бен придонесува за подобра атлетска способност на голем број спортисти, но помага и во третирањето на повреди на многу индивидуалци.

Преку ATG системот на вежбање, Бен воспостави нови стандарди во врска со спортувањето и физичката активност на човекот во целина.

Дознај повеќе и проследи ги каналите на @kneesovertoesguy на следниве социјални мрежи:

Успешни приказни од нашите клиенти

ЦЕНОВНИК

Седмична карта

3 x неделно
800 ден.
  •  

Дневна карта


300 ден.
  •  

ГРУПНИ ТРЕНИНЗИ

ГРУПЕН ТРЕНИНГ 1-месец

3 х Неделно
2.500 ден.
  •  

ГРУПЕН ТРЕНИНГ 3-месеци

3 x неделно
6.500 ден.
  •  

ГРУПЕН ТРЕНИНГ 6-месеци

3 х Неделно
12.000 ден.
  •  

ГРУПЕН ТРЕНИНГ 12-месеци

3 х Неделно
22.000 ден.
  •  

ОСТАНАТИ ТРЕНИНЗИ

индивидуални тренинзи 1vs1

2 х Неделно
6800 ден.
  •  

индивидуални тренинзи 1vs1

3 х Неделно
9.700 ден.
  •  

Семи-индивидуални тренинзи 1vs2

2 x неделно
5200 ден.
  •  

Семи-индивидуални тренинзи 1vs2

3 x неделно
7.300 ден.
  •  


Мала група 1vs3

2 х Неделно
4400 ден.
  •  


Мала група 1vs3

3 х Неделно
6.100 ден.
  •  


ONLINE

Еден Месец
800 ден.
  •  


ONLINE

Два Месеци
1400 ден.
  •  

Често поставувани прашања

ATG значи Athletic Truth Group, или во превод Група за Атлетската Вистина. Тоа е посебен систем на вежбање создаден од страна на Бен Патрик (@kneesovertoesguy)
што е заснован на вистината за тоа како треба природно да се вежба човековото тело за да биде подготвено да ги издржи секојдневните физички побарувања, какви и
да се тие според целите и активностите на индивидуата. Не е поврзан со Кросфит, бодибилдинг или други системи на вежбање.

Со примена на оваа вистина и методи на вежбање, атлетската способност и долговечноста се зголемуваат многукратно и се намалува ризикот од повреди, болки и операции.

Тренинзите најчесто се прават 3 пати неделно, но доколку сакате повеќе или сакате да посветите повеќе внимание на одреден дел, може да се вежба и до 4, 5 или 6 пати
неделно. Тренингот трае отприлика околу 1 час.

Ние нудиме неколку типови на тренинг: групен, open gym, индивидуален или онлајн. Групните тренинзи се организирани со точни термини и водени од тренери и се до 10 луѓе.
Open gym тренинзите не се организирани како групните и термините се слободни, односно можете да дојдете кога сакате во времето определено за open gym тренинг и да
извежбате, притоа секако имате тренер што ќе ве прати и ќе ви биде на располагање. Индивидуалните тренинзи можат да бидат 1 на 1, 1 на 2 или 1 на 3, а вие добивате
максимално внимание и посветеност од страна на тренерот конкретно за вашите цели и потреби. За онлајн тренинзите добивате програма во која што ги има вежбите со
видеа и инструкции што треба да правите и вие снимате како ја изведувате вежбата и ја праќате на тренерот. Тој ја прегледува и ви кажува доколку треба да коригирате
нешто и ви дава насоки за да ја совладате формата на вежбата. Имате постојана комуникација со тренерот и доколку имате било какви прашања, проблеми или било што
поврзано со вежбањето, ќе ви биде одговорено во рок од 1 ден.

Термините за индивидуалните тренинзи се договараат посебно, а термините за групните тренинзи и open gym можете да ги најдете на следниот линк.

Во ATG се прават вежби што ја зголемуваат силата и мобилноста на целото тело и го балансираат соодносот помеѓу лева-десна, горна-дола и предна-задна страна од телото.
Тоа е причината за многу болки и повреди и затоа со вежбање на ATG се работи на превенција и рехабилитација на болките и повредите во секоја област од телото.
Со тоа исто така се подобрува и целокупната атлетска способност и физички перформанс за било кој спорт или физичка активност.

ATG системот на вежбање се состои од прецизно дефинирани програми, кои се составени од стандардизирани вежби, со точно одредени таргети, кои ја зголемуваат физичката
способност на секој дел од телото.

Целта е секоја седмица да се напредува на вежбите за да се постигне таргетот, без притоа да се работи низ болка. Колку поблиску одите до овие таргети, толку телото
станува поотпорно и поатлетско.

3 пати неделно вежбање во група со водење и надзор од 1-2ца обучени и сертифицирани ATG тренери.
Целосно опремена сала за ATG тренинзи која што е единствена од ваков тип во светот.
Точно одредени програми и вежби за зајакнување и истегнување на целото тело кои ги работите според вашето ниво на спремност и кои постепено прогресираат за да
имате постојан напредок, а со тоа зголемување на вашата физичка способност и подобро и послободно движење без болка.
Индивидуално следење на вашиот напредок на самите вежби.
1-2 пати во месецот мерење на вашиот телесен состав (мускулна маса и телесни масти) и следење на вашата промена и напредок во однос на истите.
Совети и едукација за исхрана преку кратка брошура со генерален план за исхрана.

Дефинитивно! Секоја вежба и програма може да се приспособи за секое ниво! Ние тренираме и професионални спортисти, но и постари луѓе, деца, луѓе што рекреативно се
бават со спорт и луѓе што имаат претежно седечка работа.

Доколку сакате атлетски градено тело кое што функционира правилно и без болки, тогаш овој систем за вежбање е за Вас.

Без разлика дали вежбате за да се подобрите во некој спорт или само за здравје, вежбите во овој систем ги зајакнуваат вашите слабости, зглобови и целото тело,
ве прават поотпорни на болки и повреди и ги решаваат веќе постоечките. Со тоа, вашата физичка способност се зголемува и ви се овозможува да го искористите
максимално вашиот физички потенцијал и вие ќе бидете спремни за било кој спорт и физичка активност.

Не, ние доста се посветуваме и на горниот дел од телото и правиме доволно вежби за негово зајакнување, но го правиме тоа во правилен сооднос со долниот дел од телото.
Сепак, телото е една целина и за да функционира како што треба, мора целото да е силно и мобилно и тоа во добар сооднос помеѓу сите делови. Токму тоа и се работи
во ATG.

Овој систем на вежбање не е физикална терапија и ние не сме медицински лица или доктори. Ние само ја зголемуваме физичката способност преку вежби, со што се намалуваат
болките и повредите. Така да овој систем на вежбање не е само за повреди и болки и можат да го вежбаат комплетно здрави луѓе доколку сакаат да имаат уште поздраво
и физички поподготвено тело.

Да, дефинитивно, бидејќи ATG системот на вежбање е тренинг за сила и физичка кондиција исто како и Бодибилдинг, Кросфит, кружните интервални тренинзи итн. само што
вежбите и тренинзите се изведуваат на различен начин. Но, тука голем дел игра исхраната и сонот, така да што и да вежбате, доколку не се храните и не спиете
како што треба, вие нема да слабеете. ATG системот на вежбање во комбинација со добра исхрана и сон, докажано дава извонредни резултати и на телесната тежина.

Да, бидејќи правиме вежби за сила, апсолутно се качува и мускулната маса, но не како онаа што ја гледате во Бодибилдингот. Овде се качува мускулна маса која што
изгледа атлетски и е функционална и е доволна во однос на вашите цели и потреби.

BRING A
FRIEND

Донеси пријател или роднина и добиј -10% попуст на следна Чланарина

THE
DEDICATED

Присуството на сите тренинзи во месецот -10% попуст на следна членарина

АТЛЕТА НА МЕСЕЦОТ

3 Месеци DEDICATED бесплатна членарина

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО НАШИОТ ТИМ

БОЈАН ДИКОВ

Основач & Менаџер
29 години
Скопје
АТГ тренер - level 2

Тренер по фитнес - 10 години (2011-)
Дипломиран професор за физичко образование, спорт и здравје (2014-2018)

ИВАН ТРПЧЕВСКИ

Основач & Менаџер
30 години
Скопје
АТГ тренер level.2

Трикратен државен првак во триатлон

МИЛА БОШКОВА

Тренер
28 години
Скопје
АТГ тренер - level 2

Тренира по АТГ принципи - 2.5 години (2019-)
Дипломиран технолог

ФИЛИП ТОДОРОВСКИ

Тренер
29 години
Скопје
АТГ тренер - level 2

Тренира по АТГ принципи - 2 години
Тренира планинско трчање (2016-2020)
Тренира Кросфит (2021-)

ТЕОДОР МИЛЕВСКИ

Тренер
22 години
Скопје
AТГ тренер - level 2

Тренира по АТГ принципи - (2023-)
Aктивно се занимава со кошарка

СТЕФАН ЃЕРОВСКИ

Тренер
28 години
Скопје
АТГ тренер - level 2

Тренира по АТГ принципи - 1.8 години (2020-)
Дипломиран професор по физичка култура